Официјално затворање на Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Церемонијата по повод официјалното затворање на 5-та Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн се одржа на 1 јули 2017 година (сабота), во просториите на Музејот „Лапидариум“ во Охрид. Летната школа постана традиција на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС, и секоја година, истата е посетена од сè повеќе студенти и професори од земјата и странство. Овогодинешната 5-та сесија на Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн се одржа во периодот од 25 јуни до 2 јули 2017 во градот Охрид.

Темата на овогодинешната Летна школа беше „Природни системи“ (Natural Systems), и на истата учествуваа повеќе од 20 студенти под менторство на архитектот Деан Лах од истакнатото архитектонско студио „ЕНОТА“ од Љубљана, Словенија. Истакнатиот архитект Јуриј Личен од Љубљана беше гостин-предавач за време на Летната школа, заедно со визитинг професорите Крешимир Рогина и Винко Пенезиќ од архитектонската компанија „Пенезиќ и Рогина“ од Загреб, Хрватска.

На студентите-учесници им беа доделени сертификати од страна на деканот на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС, проф. д-р Мишко Ралев и м-р Владимир Десков, директор на Летната школа.

Затворањето на 5-тата Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн исто така го одбележа официјалното отворање на изложбата насловена ‘Области на светско наследство во Унгарија’, организирана од Амбасадата на Унгарија во Македонија. Почесниот конзул на Унгарија во Охрид, проф. д-р Марјан И. Бојаџиев, имаше свое официјално обраќање пред учесниците на Летната школа и официјално ја отвори изложбата.

 

Similar Posts