Потпишан меморандум за разбирање и соработка со Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје

На 3 април 2018 година, во просториите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, директорката на библиотеката, г-а Сенка Наумовска, и ректорот на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, проф. д-р Марјан Бојаџиев, потпишаа Меморандум за разбирање и соработка.

Со овој Меморандум отпочнува соработка меѓу овие две институции, со цел изведување практична настава за студентите од Универзитет Американ Колеџ Скопје, како и обука, продлабочување на знаењата, размена на наставен и стручен кадар, како и размена на информации и истражувања за научни собири, развојни и други проекти од заеднички интерес.

Директорката и ректорот на УАКС искажаа подготвеност за размена на наставници, соработници и други стручни лица во вршењето на наставно-образовниот процес на додипломските и постдипломските студии на Универзитетот, како и во рамки на НУБ.

Веста е преземена од официјалната веб страница на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, од следниот линк.

Similar Posts