Проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост на УАКС со учество во третата Работилница за семејни бизниси во Валмаленко

Провостот на УАКС, проф. д-р Марјан Бојаџиев учествуваше во третата Работилница за семејни бизниси во Валмаленко.

Темата на овогодишната работилница беше Истражување на семејните бизниси и примена во 2020-та година.

Во оваа работилница се вклучени реномирани европски универзитети, меѓу кои Универзитетот Тор Вергата во Рим, Универзита дела Свицера Италиана, Универзитетот од Источен Пиемонт и многу други.

Овие работилници се од особено значење не само за развојот на истражувачката работа поврзана со семејните бизниси, туку и за зацврстување на соработката меѓу истакнати универзитети ширум Европа.

Similar Posts