Еразмус+ студенти гостуваа на час на Факултетот за странски јазици при УАКС

На 7 март 2017 година, студентите од Универзитетот Дарби од Обединетото Кралство, кои се студенти на УАКС во текот на пролетниот семестар, како резултат на соработката преку Еразмус+ програмата воспоставена меѓу УАКС и овој универзитет, беа поканети да гостуваат на час кој го посетуваат студентите од втора година додипломски студии на Факултетот за странски јазици при УАКС.

Тие имаа можност да се запознаат со студентите кои следат настава по англиски јазик, да разговараат за нивниот досегашен престој во Македонија, впечатоците кои тие ги стекнале за нашата држава, Универзитетот и луѓето, како и  за образованието во нивната родна земја.

Целта на посетата беше вмрежување меѓу студентите, со цел студентите на УАКС студенти да споделат корисни совети со студентите од универзитетите во странство. Воедно, поволноста за студентите на УАКС беше водење дискусија на англиски јазик, со студенти чиј мајчин јазик е англискиот.

Similar Posts