Повик за соработка на Факултетот за компјутерска техника и информатика со докторанти и доктори на науки

Факултетот за компјутерска техника и информатика при Универзитетот Американ Колеџ Скопје го објавува следниот
ПОВИК
За соработка со доктори на науки и докторанти по информатика

Факултетот за компјутерска техника и информатика при Универзитетот Американ Колеџ Скопје има потреба од кадар за континуирано изведување на наставата и научно-истражувачката (тековна и идна) работа.
За таа цел, повикува на консултативен разговор со сите заинтересирани кандидати, коишто треба да ги исполнуваат следните услови:
 Да имаат стекнато минимум 300 ЕКТС кредити
 Да бидат доктори на науки или докторанти во областа на информатичките науки
 Да имаат добро познавање на англискиот јазик
Во зависност од потребата и можностите, соработката би се состоела од држење на предавања или вежби по предмети, како и научна работа и истражување, од областа на информатиката. Соработката би била во форма на привремено или трајно вработување, и би започнала од есенскиот семестар во академската 2018/2019 година.
Заинтересираните кандидати е потребно да ја испратат следната документација: биографија (CV) и мотивациско писмо на ел. пошта: career@uacs.edu.mk и bozinovski@uacs.edu.mk, најдоцна до 15.06.2018 година.

Со почит,
Факултет за компјутерска техника и информатика

Similar Posts