Др. Бранка Минчева-Коцеска – гостин предавач на Административно право и јавна администрација

На 13 ноември 2017, во рамки на клиничката настава по предметот Административно право и јавна администрација кај доц. д-р Наталија Шикова, студентите од втора година додипломски студии на политички науки при УАКС приуствуваа на предавање на тема „Етика во јавната администрација”. Предавањето го одржа др. Бранка Минчева-Коцеска, д-р на филозофски науки, со специјалност од областа на етиката, и раководител на одделение во Министерството за информатичко општество и администрација. Студентите имаа можност да се запознаат со основните принципи на применетата етика и нејзиното значење за различните професии, за начините на кои се воспоставуваат професионални стандарди, за формата и содржината на етичките кодекси и нивната улога во професијата, како и со принципот на „добро владеење“. Исто така, студентите се запознаа со системот за етика во администрацијата во Македонија, односно со законската регулатива која го уредува ова прашање со нашата земја и со одредбите од Кодексот за административните службеници. 

Similar Posts