Почеток на Неделата за старт-ап бизниси на УАКС

Г-дин Виктор Нелепа, основач на медиумската компанија „Д Идеја“ (Дубаи, Обединети Арапски Емирати) и иноваторот на „паметната палма“, и г-дин Горјан Стојановски (Скопје, Македонија), ко-основач на онлајн порталот за продажба на мало „Купи од дома“ ќе ги воведат студентите на УАКС во светот на иновативните бизнис идеи и претприемачки бизниси за време на почетокот на Неделата за старт-ап бизниси на УАКС 2017 (UACS Start Up Week 2017).

Прoф. д-р Марина Летоња од ГЕА Колеџ – Факултет за претприемништво (Словенија) и м-р Македонка Димитрова, наставник на УАКС, ќе ги водат студентите низ тим билдинг активностите и креативните вежби во текот на првиот ден од бизнис патувањето.

Преку 40 студенти ќе ги развиваат своите иновативни компании во текот на следната недела и ние постојано ќе известуваме во врска со нивниот напредок.

Поддржувачи на Неделата за старт-ап бизниси на УАКС за 2017 година се: Крафт пивара „Темов“, Ред Бул, Алкалоид Скопје, Здравје Радово и Успех без граници (Success without Limits).

Similar Posts