Презентација на конкурс за идејно решение – дизајн на урбана опрема одржана од претставници од Град Скопје

На 21 февруари 2018 година, портпаролот на Град Скопје, г-дин Ваљон Салиху и г-а Радица Тодоровска од Град Скопје одржаа презентација за распишаниот конкурс за идејно решение – дизајн на урбана опрема во Скопје. Презентацијата ја следеа студентите од трета година додипломски студии и четврта година постдипломски студии на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС.

Презентацијата се осврна на основните критериуми на дизајнот на урбана опрема за потребите на јавните градски површини и сообраќајната градска мрежа, односно клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња за зеленило. Студентите добија повеќе информации за содржината на графичките прилози, како и наградите кои ќе бидат доделени на најдобрите две конкурсни решенија.

Similar Posts