Студентите по архитектура во посета на Alpos

Студенти од четврта година од Факултетот за Архитектура и Дизајн, под раководство на професор Мишко Ралев и асистент Ана Велинова, на 20.12.2018 година беа во посета на компанијата Alpos во Скопје. Alpos е застапник на компанијата Sto од Германија, основана во 1835 година. Во областа на производство на термоизолациони фасади, компанијата се диференцира по иновативните решенија, системи и материјали. На презентацијата беа прикажани фасадни системи со нивните технички карактеристики, дизајн и примери на изведени објекти во Македонија и светот. Студентите имаа можност да видат дел од експонатите во салонот на компанијата.

 

Similar Posts