Присуство на доц. д-р Ивана Трајаноска на регионален форум во знак на одбележување на #Франкофонијата во Македонија

Доц. д-р Ивана Трајаноска, наставник на Факултетот за странски јазици при УАКС присуствуваше на регионалниот форум, којшто се одржа на 24 март, во знак на одбележувањето на #Франкофонијата во Македонија, организиран од страна на Францускиот институт во Скопје.

На форумот беа организирани три тркалезни маси: „Францускиот јазик, неопходен за меѓународна кариера”, „Познавањето на францускиот јазик како можност за работа на младите на Балканот“ и „Франкофонски универзитетски обуки достапни во Европа“, во рамките на кои излагања имаа реномирани гости-панелисти од Франција, Швајцарија, Бугарија и Македонија.

Доц. д-р Ивана Трајаноска учествуваше и на работилница за деловен француски за професори по француски јазик со која раководеше Александар Хол од париската Стопанска комора.

Similar Posts