Претседателот на АЦБСП во посета на УАКС

На 12 декември 2016 година, УАКС имаше чест и привилегија да биде домаќин на г-дин Џефри Алдерман, претседател и главен извршен директор на американскиот Совет за акредитација на бизнис-факултети и програми од САД.

За време на посетата, г-дин Алдерман имаше можност да оствари средба со претседателот на Собранието на Стопанската комора на Република Македонија и поранешен претседател на Деловниот совет на УАКС, г-дин Антони Пешев и ректорот на Универзитет Американ Колеџ Скопје, проф. д-р Марјан И. Бојаџиев. За време на состанокот, тие дискутираа во насока на значењето за воспоставување на одлична соработка меѓу високообразовните институции и деловната заедница, како и за значењето на меѓународната акредитација на Стопанската комора.

1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Од лево кон десно: проф. д-р Марјан И. Бојаџиев (ректор на УАКС), г-дин Антони Пешев (претседател на Собранието на Стопанската комора на РМ), г-дин Џефри Алдерман (претседател и главен извршен директор на американскиот Совет за акредитација на бизнис-школи и програми).

Исто така, г-дин Алдерман имаше можност да оствари средба со високи претставници на УАКС. Во присуство на ректорот на Универзитетот, проф. д-р Марјан И. Бојаџиев, тие разговараа за важноста од меѓународната акредитација на Универзитет Американ Колеџ Скопје, кој што е единствен меѓународно акредитиран универзитет во Република Македонија, грижата за квалитетот на додипломските и постдипломските академски програми на УАКС, како и за идните цели на Советот за акредитација на бизнис-школи и програми и на УАКС како член на истиот.

2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Од лево кон десно: вон. проф. д-р Марјан Петрески (проректор за научно-истражувачка работа на УАКС), доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски (главен оперативен директор на УАКС), вон. проф. д-р Илијана Петровска (продекан за настава и шеф на катедрата по маркетинг на УАКС), м-р Ема Кастратович (главен академски координатор на УАКС), г-дин Џефри Алдерман (претседател и главен извршен директор на американскиот Совет за акредитација на бизнис-факултети и програми) и проф. д-р Марјан И. Бојаџиев (ректор на УАКС).

 

Similar Posts