Професори од ФДЕИОН при УАКС презентираа труд на конференција во Германија

Вон. проф. д-р Марјан Петрески и проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски, дел од наставниот кадар на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, учествуваа на шестата по ред конференција на Институтот за источни и југоисточно европски студии од Лајбниц. Темата на овогодишната конференција беше „Социјална политика во Источна и Југоисточна Европа во минатото и денес”, и се одржа во периодот од 21 до 23 јуни 2018 година во Регенсбур, Германија. На оваа конференција, професорите презентираа свој труд насловен „Преобразба на социјалниот систем во Македонија: Симулација на ефектите од воведување на гарантиран минимален приход“.

Similar Posts