Вон. проф. д-р Марјан Петрески – член на управниот одбор на Американска стопанска комора во Македонија

Генералното собрание на Американската стопанска комора во Македонија беше одржано денес, 30 октомври 2018 година, во хотелот Александар палас, каде што членовите на оваа комора имаа можност да гласаат помеѓу 9-те номинирани кандидати, со цел да ги одберат новите членови на Управниот одбор.

Ни претставува особена чест и задоволство да ве известиме дека нашиот проректор за научно-истражувачка работа, вон. проф. д-р Марјан Петрески, е новоназначениот член на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Македонија.

Му посакуваме многу успех во оваа нова улога во неговата кариера!

Similar Posts