Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски на консултативен состанок за Стратегијата за вработување во Босна и Херцеговина

Денес, проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски учествува на консултативниот состанок за Стратегијата за вработување на Федерацијата на Босна и Херцеговина 2017-2020, одржан во Сараево, Босна и Херцеговина. Проф. Мојсоска-Блажевски е автор на стратегијата, а беше ангажирана како меѓународен експерт и советник од страна на Меѓународната организација на трудот. Таа ќе ја презентира нацрт-стратегијата, која потоа ќе биде усвоена од страна на Владата до крајот на годината.

Similar Posts