Ректорот на УАКС учествуваше во јавна расправа по предлог Законот за високото образование

На денешен ден, 5 април 2018 година, ректорот на Универзитет Американ Колеџ Скопје, проф. д-р Марјан Бојаџиев, учествуваше на јавна расправа по предлог Законот за високото образование. Расправата се одржа во салата „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија.

Тој присуствуваше на јавната расправа со генералниот секретар на Универзитетот, д-р Марина Андева, по покана од Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија.

За време на расправата, пред членовите на Комисијата, тој ги изнесе мислењата и ставовите на Универзитет Американ Колеџ Скопје по предлог Законот за високото образование.

Similar Posts