Студентите на Факултетот за правни науки при УАКС, остварија посета на КПД Идризово

На 14 мај 2019 година,  студентите по казнено право и казнено процесно право на додипломски студии и студентите на правосудна насока на втор циклус студии на Факултетот за правни науки при УАКС, остварија посета во КПД Идризово. На тој начин студентите лично се запознаа со животот и постапувањето со осудените лица, нивната ресоцијализација и третман и можноста за реинтеграција во општеството.

Во рамките на организираната посета, студентите го посетија посебното одделение за жени, каде што казната затвор ја издржуваат осуденички од целата територија на земјава, кои се осудени со правосилна пресуда на казна затвор или малолетнички затвор независно од висината на казната,внатрешниот простор на затвореното и полуотворено одделение на КПД Идризово и новите објекти на полуотврено и отворено одделение во најголемиот затвор во нашата земја.

Similar Posts