Студентите на ФДЕИОН во посета на Министерството за финансии

На 9 октомври 2017 година (понеделник), студентите на студиската насока ‘Финансии’ на Факултетот за деловна економија и организациони науки, беа во посета на Министерството за финансии на Република Македонија, притоа учејчи за неговата функција, како и за најголемите внатрешни активности.

Тие остварија средба со многу претставници од различни сектори на министерството, кои им појаснија за активностите на кои најмногу се фокусира оваа институција, и одговорија на сите прашања кои ги поставија студентите.

Агендата за посетата беше следната:

11:30 – Пристигнување на студентите од Универзитет Американ Колеџ Скопје
11:30-11:45 – Обиколка на сектор Буџет (задолжен за обиколка: Тоше Пановски)
11:45-12:00 – Обиколка на сектор Трезор (задолжен: Лилјана Ѓуровска)
12:00-12:05 – Поздравно обраќање од Министерот за финансии, Драган Тевдовски
12:05-12:35 – Презентација за Министерството за финансии (Дебатна сала на 9-ти кат)
Функции на Министерството за финансии (општо) – Јована Аврамовска, портпарол на Министерството за финансии
Финансиски систем – Иван Недев
Буџет – Аница Ивановска
Трезор –Биљана Јаневска
Јавен долг – Рената Давиткова
12:35-13:00 – Сесија за прашања и одговори

Similar Posts