Отворен ден на УАКС

Денеска, 10 мај 2019 година се одржа настанот ОТВОРЕН ден на УАКС, каде беа презентирани сите можности и придобивки од студирањето на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Околу 500 средношколци од целата земја, денеска беа присутни на настанот, заинтресирани за наставните програми и останатите поволности и стипендии на сите факултети при УАКС. Ви благодариме за огромната посетеност и ветуваме дека ќе го оправдаме Вашиот избор.

Благодарност за присуството и до нашите пријатели, компаниите, членки на Деловниот Совет при УАКС, Комерцијална Банка, Халкбанк, Шпаркасе Банка и ТТК Банка како и до спонзорите задолжени за освежувањето Red Bull, Нескафе и Винчини, Тиквеш.

И најголема благодарност до средношколските бендови “Basement Cold” и “Cut your nipple” за музичката програма и прекрасната атмосфера! Се гледаме, уписите се во тек! 😀

Similar Posts