Посета на УНСС во Бугарија

На 09.10.2019 година, ректорот на УАКС, проф. д-р Томе Неновски и деканот на Факултет за правни науки при УАКС, проф. д-р Марко Андонов, го посетија Универзитет за национално и светско стопанство (УНСС), кој е најголем државен универзитет во Република Бугарија.

Притоа, тие  остварија средба со ректорот на УНСС, проф. д-р Стати Статев. На средбата беа разгледани можните облици за соработка меѓу двата универзитета и беше договорено во претстојниот период да се пристапи кон потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двата универзитета.   

Similar Posts