ПРЕЛИМИНАРЕН СПИСОК ОД КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКА 2020/2021 ГОДИНА

ПРЕЛИМИНАРЕН СПИСОК ОД КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКА 2020/2021 ГОДИНА

Известување од УАКС Фондација за резултати од тестирање и бодување на кандидати согласно објавен конкурс за доделување единаесет стипендии за прв циклус студии за студенти во прва година во академската 2020/2021 година на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Во период од 17 јуни до 19 јуни 2020 година кандидатите за стипендии полагаа тестови за стипендии за следните факултети при Универзитет Американ Колеџ Скопје.

  • Факултет за деловна економија и организациони науки
  • Факултет за архитектура и дизајн
  • Факултет за компјутерска техника и информатика
  • Факултет за политички науки и катедра за психологија
  • Факултет за странски јазици

Според постигнатите резултати од тестовите, просекот од средно образование и доставените документи е извршено рангирање на кандидатите.

Согласно критериумите за бодување од Конкурсот и постигнатите поени од тестирањето, прелиминарните добитниците на стипендии за Академската 2020-2021 се следните. Во прилог.

Се заблагодаруваме на сите апликанти за стипендии кои беа дел од целиот процес на селекција, и би сакале да Ве известиме дека УАКС одобрува попуст за упис од 15% за сите кандидати кои не добија стипендии а учествуваа во конкурсот.

Приговор по објавените резултати се доставува до Универзитетот од 07.07 до 10.07.2020 година.

Во рок од 3 работни дена по објава на конечниот список (на 10.07.2020 година) се потпишува договор за прифаќање на стипендија.

Доколку номинираниот кандидат во конечниот список за стипендија не го потпише договорот со УАКС Фондација за прифаѓање на стипендијата, и упис на Факултетот, стипендијата се префрла кај кандидат кој е следен во листата со постигнати финални бодови. Конечниот список ќе биде објавен на 10.07.2020 година на веб страната на УАКС.

Со почит,
УАКС Фондација