Три позиции за пракса и вработување во Грант Торнтон Скопје

Три позиции за пракса и вработување во Грант Торнтон Скопје

Драги студенти,

Можност за пракса и вработување во Грант Торнтон Скопје.

Грант Торнтон е фирма членка на Grant Thornton International Limited (GTIL), една од водечките организации во светот која обезбедува ревизорски, даночни и советодавни услуги кои им помагаат на динамичните организации да го поттикнат растот преку широк спектар на професионални услуги. Со нашите идеи, стандарди и посветеност создаваме квалитет и вредности за нас и нашите клиенти.

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим ви нудиме:

  • Пријателска и динамична работна средина, во која можете да ги развивате своите вештини и компетенции
  • Нудиме одлични можности со конкурентен пакет за наградување и постојан развој на кариерата за амбициозните кандидати кои имаат желба за напредок.
  • Обука и менторство
  • Хибриден начин на работа од канцеларија и од дома

1. Сметководител

Улога во тимот:

  • Книжење на финансиската и материјална документација
  • Учествo во пресметка на ДДВ, данок на добивка и персонален данок
  • Учествo во пресметка на плати
  • Асистира во извршување на тековните работни активности
  • Следи инструкции во рамките на тимот

Потребни квалификации и компетенции:

  • Владеење на англиски јазик, усно и писмено
  • Познавање на Microsoft Office и развиени компјутерски вештини
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки односи и висока работна етика
  • Дискреција при справувањето со доверливи или сензитивни работи
  • Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор

 

2. Финансиски консултант

Улога во тимот:

  • Учество во Изработка на финансиски анализи, финансиски модели и сценарија
  • Учество во Discounted Cash Flow (DCF) анализи
  • Учество во Подготовка на бизнис планови и физибилити студии
  • Спроведување на пазарни и останати истражувања
  • Советување околу вредноста на капиталoт и изработка на процени
  • Учество во Изработка на длабински анализи
  • Советување околу купопродажба на компании
  • Учество во Изработка на проекти од областа на реорганизација, реструктурирање и ликвидација на компании
  • Учество во Изработка на проекти поврзани со останатите услуги на компанијата.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Владеење на деловен англиски јазик, усно и писмено
  • Познавање на Microsoft Office и развиени компјутерски вештини
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
  • Способност за развој и одржување на добри работни односи
  • Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи
  • Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор

 

3. Даночен консултант

Улога во тимот:

  • Учество во изготвување на даночни мислења, анализи и студии
  • Учество во проверка и контрола на ДДВ, данок на добивка, задржан данок, персонален данок
  • Учество во изготвување на студии за трансферни цени
  • Учество во изготвување на даночни длабински анализи
  • Советување околу даночните планирање, влијанија и последици
  • Следење, истражување, анализа и толкување на даночните закони

Потребни квалификации и компетенции:

  • Владеење на англиски јазик, усно и писмено
  • Познавање на Microsoft Office и компјутерски вештини
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
  • Способност за развој и одржување на добри работни односи
  • Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи
  • Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор

 

Вашиот професионален и личен успех е наша заложба, затоа аплицирајте со испраќање на ваша кратка биографија на Careers@mk.gt.com најдоцна до 20.11.2022 година и станете дел од семејството на Грант Торнтон.

Напоменуваме дека ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор. Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост.