Универзитет Американ Колеџ Скопје потпиша меморандум за соработка со Мајорел Македонија

Универзитет Американ Колеџ Скопје потпиша меморандум за соработка со Мајорел Македонија

Минатиот петок, на 8.7.2022 г., во просториите на Мајорел Македонија се потпиша меморандум за соработка од страна на Елена Мановска, Генерaлeн Менаџер на Мајорел Северна Македонија и Сандра Грујевска од Деловниот Совет на УАКС.

Соработката го означи почетокот на заедничкото делување кон обезбедување одлични кариерни можности и професионален развој на младите во Македонија. Овој меморандум ќе делува во областа на усовршување на студентите и нивен професионален раст и развој.

„Насочени сме кон обезбедување интернационалана кариера за младите во Македонија, за да не мора да ги бараат можностите во странство. Во рамките на Мајорел, креираме можности за кариерен раст и развој на локално, но и на интернационално ниво. Делувајќи заедно со Универзитет Американ Колеџ Скопје ќе им го овозможиме најдоброто на студентите – квалитетно образование и работни можности каде може да го применат и да го усовршат своето знаење, а истовремено да станат конкурентни и на интернационалениот пазар на труд.“ – изјави Елена Мановска, Генерален Менаџер на Мајорел.

Како претставници на Мајорел, на средбата присуствуваа и Александра Аргир, Менаџер за човечки ресурси, Маја Трајкова, Маркетинг специјалист и Александра Созовска, финансов директор, како и претставници на УАКС – Александра Симова Клинчарова, Координатор за Маркетинг и Корпоративни Комуникации и Димче Мицевски, Координатори за ПР и Маркетинг.

На средбата се разговараше за идните заеднички активности и беше потпишан Договор за членство на Мајорел Македонија во Деловниот Совет на УАКС што ќе овозможи дополнителна размена на искуства и знаења помеѓу двете институции.