Вон. проф. д-р Марјана Ванева предаваше на Унвиерзитетот Кембриџ

Вон. проф. д-р Марјана Ванева, декан на Факултетот за странски јазици при УАКС, одржа предавање за македонски јазик во рамки на конференцијата на Британската асоцијација за словенски и источноевропски студии (БАСЕЕС), која се одржа на Колеџот „Фицвилијам“ и Колеџот „Черчил“ при Универзитетот Кембриџ, Велика Британија, од 31 март до 2 април 2017 година.

Предавањето беше дел од овогодинешната програма на конференцијата и истото се нудеше на меѓународни делегати кои се заинтересирани за учење македонски јазик. Предавањето се одржа на 1 април 2017 година на Колеџот „Вицвилијам“ при Универзитетот Кембриџ, Велика Британија.

Similar Posts