Гостин предавач од фондацијата Фридрих Еберт во рамки на предметот Структури и институции на ЕУ

На 15 мај 2019 година, студентите на УАКС од Факултетот за правни науки, во рамки на предметот Структури и институции на ЕУ, кој го предава доц. д-р Јелена Ристиќ, имаа можност да следат предавање на тема „Европска интеграција: придобивки и недостатоци за големите и малите држави-членки”. Предавањето го одржа гостинката предавач м-р Нита Старова, Програмски раководител во Фондацијата Фридрих Еберт и докторанд од областа на меѓународните односи.

При презентацијата детално беа претставени перспективите во контекст на евроинтеграциските процеси како на државите-членки на ЕУ, така и на државите кои имаат статус на држава-кандидат за полноправна членка на ЕУ, при што како критериум во дефинирањето на перспективите беше земена предвид и големината на државите. Притоа, посебно внимание се обрна на прашањето кои би биле придобивките, односно евентуалните недостатоци за нашата држава, имајќи ја предвид нашата стратешка определба да станеме дел од европското семејство, како и фактот дека се наоѓаме во предвечерието на отварање на пристапните преговори за членство
во ЕУ.

Similar Posts