Сузана Штерјова Тошева, Сектор за Маркетинг комуникации и медиуми во Македонски Телеком, гостин предавач на УАКС

На часот по предметот Маркетинг комуникации и медиуми, кај Проф. Надица Јовановска Бошковска, студентите од смерот маркетинг, трета студиска година, имаа особена чест и задоволство да се запознаат со комуникацискиот пристап на Македонски Телеком. Гостин предавач на часот беше Г-ѓа Сузана Штерјова Тошева од секторот за маркетинг комуникации и медиуми во Македонски Телеком која преку примери на успешни комуникациски кампањи се обиде да им го претстави развојот и процесот на комуникацијата на компанијата. Како главен успешен пример беше претставена минатогодишната кампањата „За подобар крај на 2020, и нови почетоци“.

Голема благодарност до Сузана за инспиративното предавање. Се надеваме дека дел од нашите студенти во иднина ќе бидат дел од оваа групација и ќе придонесат во идниот развој на комуникациските идеи, а до тогаш продолжуваме да ја користиме технологијата за добро.

Similar Posts