
3 месечна пракса за Бизнис аналитичари – ИТ Лабс
Драги студенти,
Компанијата ИТ Лабс има отворен повик за 3 месечна пракса за Бизнис аналитичари/ Business Analysts со можност за вработување. Праксата, ќе се одвива целосно онлајн, а повикот e отворен до крајот на месец мај.
Во текот на тримесечниот тренинг, практиканите ќе работат во тим заедно и ги поминат сите фази на развој на софтверско решение.
Повикот е отворен за сите оние кои сакаат својата кариера да ја развиваат како Бизнис аналитичари.
Оние кои успешно ќе ја завршат праксата имаат можност за вработување, а клучни предиспозиции за оваа позиција се:
- одлично познавање на англиски јазик
- одлични интерперсонални вештини
- проактивност
- аналитичност
- Базично познавање на циклусот на развој на софтверско решение
Деталите за повикот се наоѓаат на следниот линк и на истиот е апликациската форма.
Со среќа,
Career Office, UACS