82 студенти на онлајн предавањето на тема „Боја, архитектура и дизајн“ во рамките на Факултетот за Архитектура и дизајн при УАКС

Во рамки на предметот „Графички дизајн“, на 13.05.2020 г. се одржа предавање на тема „Боја, архитектура и дизајн“ од страна на архитектите Мирјана Лозановска, Силвија Шалева и Ерик Јуришевиќ. Препознатливи по својот пристап со современ, карактеристичен и колоритен архитектонски јазик, „KONNTRA“ е релативно младо архитектонско студио, кое во изминатата година постигна одлични резултати на низа архитектонски натпревари.

Мирјана Лозановска и Силвија Шалева дипломираа и магистрираа на Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС во 2018 година. Предавањето се одржа за студентите на ФАД од втора и трета година, а покрај редовните студенти интерес за следење на настанот покажаа и студенти од другите години. Присуствуваа дури 82 студенти и дел од академскиот кадар на ФАД.
Фотографии со дел од атмосферата на предавањето на следниот ЛИНК.

Similar Posts