Студентите на УАКС во посета на i-bank продавницата на Стопанска Банка АД Скопје

На 6 март (понеделник) 2017 година, студентите на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, кои следат настава по предметот Вовед во е-бизнис со предметните наставници, вон. проф. д-р Илијана Петровска и м-р Кристијан Петкоски, беа во посета на i-bank продавницата на Стопанска Банка АД Скопје.

За време на посетата на Стопанска банка, студентите имаа можност да се запознаат со концептот на оваа современа филијала како иновативна платформа во банкарството и да посетат презентации на следните теми: онлајн и мобилно банкарство, можности за електронска трговија и отворање на интернет продавница, плаќање со картички преку интернет и современи производи кои банката ги развива за потребите на помладите генерации.

Посетата на студентите беше организирана од г-а Ратка Тирицовска, директор на дирекцијата за маркетинг и односи со јавност.

Презентациите ги одржаа:

  • Г-а Симона Крстевска, соработник во дирекцијата за трансакциско банкарство;
  • Г-дин Иво Гакина, соработник во дирекцијата за управување со картични производи и
  • Г-дин Даниел Ѓуревски, соработник во дирекцијата за маркетинг и односи со јавност.

Jpeg

Similar Posts