УАКС потпиша Еразмус+ договор со Државниот колеџ во Кросно, Полска

До сега, УАКС и Државниот колеџ во Кросно имаат воспоставено соработка преку програмата Глобални партнери во образованието (Global Partners in Education), која што трае 4 години. Преку оваа програма, нашите универзитети заедно го нудат предметот глобално разбирање. Студентите на УАКС и ДУК ја развиваа својата интеркултуролошка комуникација преку видео конференции, разговорни сесии и заедничка работа на различен вид на проекти. Сега, со новопотпишаниот Еразмус+ договор во областа на англиска филологија, нашите студенти ќе имаат можност да се сретнат во живо и да ги уживаат поволностите на студентската мобилност.

Повеќе информации се достапни на следниот линк: https://www.pwsz.krosno.pl/international-students/general-information/

Similar Posts