ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ / IMPORTANT ANNOUNCEMENT

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ / IMPORTANT ANNOUNCEMENT

Почитувани студенти,

Универзитетот Американ Колеџ Скопје, како одговорна високообразовна институција која се грижи за сите членови на своето академско семејство и има цел да ви обезбеди континуирано квалитетно образование, поради наглото зголемување на бројот на новозаболени лица со коронавирус во РСМ, денес одржа итна седница на Ректорската управа на УАКС.

На седницата се усвои Одлука, од 13.10.2020 наставата на единиците на Универзитет Американ Колеџ Скопје да се одржува од далечина (on line). 

Предавањата ќе се одвиваат преку Webex платформата, во истите денови и термини како и до сега, а секој студент ќе добие покана на е-маил од страна на предметниот професор.  

Исклучок ќе има само за студентите кои студираат на Факултетот за архитектура и дизајн. Наставата ќе се одвива со физичко присуство, запазувајќи ги сите мерки и препораки за заштита и превенција според досегашниот распоред, по следните предмети:

o   Визуелно изразување 1

o   Техники за визуелно изразување 1

o   Архитектонско проектирање 1

o   Нацртна геометрија со техничко цртање

 

Во прилог ви доставуваме Webex упатство за логирање на студенти https://help.webex.com/en-us/nrbgeodb/Join-a-Webex-Meeting

Со почит,

 ***************************************************************

Dear students,

The University American College Skopje, as a responsible higher education institution that cares for all members of its academic family and aims to provide you with continuous quality education, due to the sharp increase in the number of newly infected people with corona virus in RNM, today has held an emergency meeting of UACS Rector’s Board.

The UACS Rector’s Board adopted a Decision for online lectures starting from 13.10.2020 at all UACS Schools.

The lectures will take place through the Webex platform, on the same days and dates as before as per schedule, and each student will receive an invitation by e-mail from the course professor.

There will be an exception only for students studying at the School of Architecture and Design. The lectures will take place with a physical presence, observing all measures and recommendations for protection and prevention according to the current schedule, for the following courses:

o Visual expression 1

o Visual expression techniques 1

o Architectural design 1

o Drawing geometry with technical drawing

 Here is the link for  Webex Student Login Guide https://help.webex.com/en-us/nrbgeodb/Join-a-Webex-Meeting.

Best regards,