Повик за учество во практикантска програма на “МЛАДИ ХАБ”

Повик за учество во практикантска програма на “МЛАДИ ХАБ”

Почитувани УАКС студенти,
Во прилог е повикот за учество во практикантска програма на МЛАДИ ХАБ. Овој повик е отворен преку проектот МладиХаб чија цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:
  1. Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;
  2. Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и
  3. Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.
Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Младинската група. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија.

 Повик за практиканти

Во склоп на првата компонента на проектот ќе се реализира практикантска програма преку која ќе обезбедиме надоместок за практикантот како и фирма/граѓанска организација во која ќе се одвива практикантството. Преку програмата е планирано да се опфатат 100 млади лица на возраст од 16 до 29 години. Целиот повик е достапен на следниот линк, а пријавата може да се пополни тука.