Training Program – Digital skills for civic engagement

Драги УАКС студенти,

Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21, објавува повик за тренинг – програма на која можат да се пријават студентите од Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Програмата е организирана во соработка со Македонско американската алумни асоцијација (МААА) и DCN глобалната мрежа. Онлајн тренинг – програма е поделена во пет модули:

  • Модул 1: Дигитален активизам и медиуми;
  • Модул 2: Развој на дигитални кампањи за граѓанско учество;
  • Модул 3: Критичко размислување, дезинформација и отчетност;
  • Модул 4: Лидерство врз основа на вредности;
  • Модул 5: Граѓанско учество за јавна дипломатија.

Тренинг – програмата (предавањата, обуките) ќе биде водени од глобални експерти, а основната цел е младите да ги развијат своите дигитални вештини, како едни од најважните вештини на 21 – от век, кои овозможуваат добро платена работа.

Учеството на тренинг – програмата е бесплатно, а студентите можат да се регистрираат на следниот линк: https://bit.ly/3sKwMIS .

За дополнителни информации слободно контактирајте ме на marija@blink42-21.mk или на 078 – 363 – 453.

Similar Posts