Пракса во ОКТА во Секторот Банкарство или Сектор Услуга на клиенти

Пракса во ОКТА во Секторот Банкарство или Сектор Услуга на клиенти

ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје

Услови за аплицирање:
1. Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
2. Студентот да биде од некој од следните смерови: Mенаџмент; Сметководство и ревизија; Маркетинг, Финансии и банкарство;
3. Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик.
4. Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.

Времетраење на пракса:
Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во ОКТА АД – Скопје, извршувајќи задачи во Секторот Банкарство или Сектор Услуга на клиенти, во временски период од 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне на 15.08.2022 година.

Обврска на компанијата:
– да му обезбеди ментор на практикантот.
– да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
– да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

Цели на праксата
– Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
– Практикантот ќе биде под директно менторство на менаџерот во сектор банкарство / улсуга на киленти, истовремено асистирајќи во повеќе сфери на работа.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr. При доставување на пријавата кандидатите да наведат за кој пракса аплицираат, Секторот Банкарство или Сектор Услуга на клиенти.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат. Огласот е отворен најдоцна до 08.08.2022 год.