Предавање на тема “ПР – Позади сцената”
Во текот на вчерашниот ден, на нашиот универзитет по предметот Маркетинг, комуникација и медиуми кај доцент Д-р Надица Јовановска Бошковска, студентите од трета студиска година, смер маркетинг беа во можност да присуствуваат на предавањето на тема „ПР – Позади сцената“ презентирано од страна на ПР експертите Ивана Тасев и Бојана Тасев Ивановски.
![](https://uacs.edu.mk/home/wp-content/uploads/2019/12/3-1024x541.jpg)
Беше предизвик и вистинско уживање да се пренесе на студентите барем дел од нивното професионално искуство и знаење за односите со јавноста, како и да им се претстават придобивките од соодветна апликација на ПР-от во денешно време.
![](https://uacs.edu.mk/home/wp-content/uploads/2019/12/2-744x1024.jpg)
Благодарност до Ивана и Бојана, и се надеваме на повторна дружба и презентирање на нови ПР предизвици.
![](https://uacs.edu.mk/home/wp-content/uploads/2019/12/1-1024x758.jpg)