Д-р Ана Фотева од Факултетот за странски јазици при УАКС објави научна статија во канадското списание „Семинар: Списание за германски студии“

Д-р Ана Фотева, лектор по германски јазик на Факултетот за странски јазици при УАКС, објави научна статија за современиот австриски автор, Петар Хандке, во угледното канадско списание со стручна, двојна анонимна рецензија: „Семинар: Списание за германски студии“, стр. 43-67 (http://www.utpjournals.press/toc/seminar/53/1).

 

Статијата со наслов: „Хандкеевата драма Патување со сплав: Утопијата како противисториска изведба“ го истражува спојот на историскиот материјализам според концептот на Валтер Бенјамин и постмодерната обработка на барокната метафора за светот како театар и нивната функција во надминувањето на историскиот детерминизам и лечењето на траумите од војната.

 

Оваа статија е дел од голем проект во кој д-р Фотева го истражува историскиот развој на културните граници на европскиот континент од почетокот на Современото доба и конструирањето на културните идентитети на Балканот како дел од историското наследство на империите.

Similar Posts