Избор за претставници и претседател на Студентско Собрание

На 12.12 (среда) ќе се одржат избори за членови на факултетско и универзитетско студентско собрание. За членови на собранието ќе се избираат по 2 студенти од секоја година и секоја јазична група, на секоја од единиците на УАКС, што значи на ФДЕИОН 12, на ФАД 10, а на сите други, вклучително и ИСАД по 6 студенти.

За спроведување на изборите, како на факултетско-универзитетско студентско собрание, така и за претседател, формирани се комисии на секоја од единиците на УАКС, составена од по двајца студенти и еден професор.

Тоа значи дека на 12.12.2018, во текот на наставата, претставниците на комисијата ќе ги посетуваат сите групи од сите академски години со цел да се изберат претставници за студентскиот сојуз.

Согласно Законот за високото образование право да бира и да биде избран за член на факултетското и универзитетското студентско собрание има секој студент што е запишан во академската 2018/2019 година, во која се избира собранието (прва, втора и трета година).
На 19.12. (среда,) ќе се одржат изборите за претседател на универзитетско студентско собрание. За изборот на претседател на универзитетското студентско собрание, доколку има повеќе кандидати, тогаш студентитте ќе треба да изберат некој од тие кандидати за претседател по пат на гласање.
Повеќе информации можете да добиете од актуелниот претседател на студентскиот сојуз Александар Андоновски, службата за студентски прашања или пак генералниот секретар.

Similar Posts