Проф. Додовски на фестивалот „Друга приказна“

Од 8 до 10 септември 2017 година во Скопје се одржа книжевниот Фестивал на кратки фикции „Друга приказна“. Ова издание на фестивалот е во знакот на надреализмот, а лауреат е академикот Влада Урошевиќ, познат македонски поет, есеист и раскажувач. Д-р Иван Додовски, вонреден професор по критичка теорија и литература на УАКС, го водеше разговорот на главната фестивалска тема: „Слобода, сон, љубов“, во кој учестуваалауреатот Влада Урошевиќ, професорката по компаративна книжевност д-р Лидија Капушевска Дракулевска, културологот Искра Гешоска и философот Мариглен Демири од Македонија, уредникот на издавачката куќа „Фабрика књига“ и на списанието „Реч“​,​ Дејан Илиќ од Србија и Станимир Панајотов, философ и поет од Бугарија.

Повеќе информации: https://okno.mk/node/66492

Similar Posts