Студентите од Факултетот за политички науки при УАКС освоија прво и трето место на натпревар по ораторство по повод одбележување на Денот на Европа

Горди сме на студентките Ѕена Анастасова и Теодора Атанасова од Факултетот за политички науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје, кои освоија прво и трето место на натпреварот по ораторство, организиран по повод одбележување на Денот на Европа.

Натпреварот во организација на Европското движење во Република Македонија, во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Делегацијата на ЕУ во РМ  се одржа на 5 мај 2017 година, во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје.

По повод одбележувањето на 9 мај, Денот на Европа, Европското движење во Република Македонија организираше Собир на студенти во кој учествуваа студенти од речиси сите универзитети во РМ.

Поздравни обраќања имаа д-р Арбер Адеми, Потпретседател на Владата на Република Македонија и проф. д-р Милева Ѓуровска од Европското движење во Република Македонија.

Студентската дебата на тема: „Европската Унија: Задолжителна или алтернативна опција за студентите?” ја модерираа виш научен сопработник д-р Јадранка Мршиќ од Факултетот за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје и доц. д-р Македонка Радуловиќ од Филозофскиот Факултет – Скопје.

Студентките Мила Крекиќ (Факултет за правни науки), Ѕена Анастасова и Теодора Атанасова (Факултет за политички науки) дадоа свој придонес во студентската дебата и одлично се покажаа на натпреварот по ораторство на тема: „Колку добро ја познаваме ЕУ?“.

Особено сме горди на студентките по политички науки, Ѕена Анастасова и Теодора Анастасова кои освоија две награди на натпреварот, односно награда за прво и за трето месгто.

Студентките ги подготвуваа деканот на Факултетот за правни науки при УАКС, вон. проф. д-р Марко Андонов и наставникот на Факултетот за странски јазици при УАКС, доц. д-р Ивана Трајаноска-Стефановиќ.

Similar Posts