Студентка на постдипломски студии на УАКС учествуваше во проектот за демократија и меѓукултурно разбирање „Пат кон толеранција“

Како резултат на долгогодишната соработка меѓу Универзитет Американ Колеџ Скопје и Европското движење во Република Македонија, студентката на постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки, г-ца Лилјана Христовска, ја претставуваше Македонија на проектот во рамки на програмата Еразмус +, со наслов: „Пат кон толеранција“ (“Trip2Tolerance”).

Истиот се одржа во Атина, Грција во периодот 9-16 јануари 2017 година.

Целта на проектот е промовирање на вредностите на демократијата, меѓукултурното разбирање и солидарноста меѓу младите и младите работници од земјите во Медитеранот и Белгија, како центар за креирање на политиките на ЕУ.

Проектот се реализираше преку симулации, дебати, тим билдинг сесии и анимации.

Проектот беше спроведен во рамки на Еразмус + Клучна акција (КА) 1: Мобилност на  млади и млади работници, бидејќи истиот ги промовира вредностите врз основа на кои што е изградена Европската унија (ЕУ).

За г-ца Христовска, присуството на обуката која ги обработува проблемите во демократијата и меѓукултурното разбирање, а која а следеа 58 млади луѓе од шест различни држави: Македонија, Грција, Белгија, Турција, Италија и Латвија, претставуваше одлично искуство.

Македонскиот тим го сочинуваа шест учесници, кои што работеа под менторство на проф. Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење во Република Македонија.

Similar Posts