HR тимот на Стопанска банка АД Скопје говори за професионалниот ангажман на УАКС студентите

HR тимот на Стопанска банка АД Скопје говори за професионалниот ангажман на УАКС студентите

Интервју со HR тимот на Стопанска банка АД Скопје, колку се задоволни од професионалниот ангажман на УАКС студентите кои изведуваат практична настава во Стопанска банка АД Скопје, од аспект на прилагодување на студентот на самото работно место, професионалниот однос и етика, стекнатите вештини и знаења, како и квалитетно завршување на зададени задачи.

Разговаравме со Билјана СаневHR Business Partners Manager и Даниела РадевскаHR Business Partner во Стопанска банка АД Скопје.

Што ги издвојува студентите на УАКС од другите?

  • Во текот на студентската пракса во нашата компанија, студентите на УАКС покажуваат квалитетни теоретски познавања од областа на нивните студии. Праксата дополнително им овозможува на секој студент да ги оствари професионалните амбиции кон кои се стреми. Силно верувам дека студирањето на УАКС претставува силен поттик за нивно натамошно образување и професионално продлабочување на знаењата што ги стекнуваат за време на студиите низ сите нивоа на образование. Ние го поддржуваме развојот на младите кадри и ја поттикнуваме младата студентска иницијатива.

Дали студентите на УАКС се прилагодуваат брзо на работното место?

  • УАКС го третира секој студент како член на семејството, што е и мото на нашата компанија. Традиционално нудиме можност за практична работа на млади и амбициозни луѓе кои се во текот на нивните универзитетски студии. Со оглед дека секое работно место има свои специфичности, особено во банкарскиот свет можам да кажам дека сме многу задоволни од
    професионалниот ангажман на студентите кои изведуваа практична настава кај нас од аспект на прилагодување на студентот на самото работно место, професионален однос и етика, стекнати вештини и знаења, како и квалитетно завршување на зададени задачи.

Зошто при вработување нови кадри ги бирате дипломците на УАКС?

  • Со УАКС градиме силни и трајни врски се со цел на студентите да им се обезбедат можности за практична настава, како и градење на професионална кариера. Воедно ние како преставници од областа на човечки ресурси имаме и советодавна улога во однос на нивно кариерно напредување, како и давање на соодветна помош и советување за стратегии за барање работа.

Што ги издвојува студентите на УАКС од другите?

  • Интегрираните европски и американски студиски програми им овозможуваат на студентите на УАКС добитна комбинација на стекнато теоретско знаење и технички вештини со кои се истакнуваат во работната средина што ги прави одличен кандидат за современиот работодавач.

Дали студентите на УАКС се прилагодуваат брзо на работното место?

  • Од досегашното искуство со студентите на УАКС ги издвојувам покрај теоретското знаење, нивниот ентузијазам, енергија, припадност кон тимот и мотивот за стекнување практично знаење со кое го трасираат својот иден професионален развој.

Зошто при вработување нови кадри ги бирате дипломците на УАКС?

  • Квалитетното образование, индивидуалниот пристап кон студентот, развивање на неговите професионални и технички способности, се фактори кои им овозможуваат на студентите на УАКС да котираат високо на пазарот на трудот што ги прави посакуван дел од тимот на Стопанска банка АД Скопје.