Студентите по психологија во посета на Геријатриското одделение при ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“

На 24 февруари 2017 година, студентите по психологија на УАКС, кои следат настава по предметот когнитивна психологија со експертот од практика, м-р Димитринка Јорданова-Пешевска, докторант, беа во посета на Геријатриското одделение при ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“.

Студентите имаа можност да учествуваат во дискусија водена од проф. д-р Роза Крстевска, психијатар, и да стекнат повеќе информации за специфичните видови на психогеријатриски нарушувања. Исто така, тие учествува во кратко интервју со пациентите.

Similar Posts