ПРАКСА во VSR

ПРАКСА во VSR

Почитувани УАКС студенти,

ВСР е млада фирма чија тенденција е да внесе современи практики во закржлавениот сектор на дистрибуција. Поради ова, фирмата комбинира најнови практични решенија и имплементира современи и глобални теоретски пристапи за решавање на локални проблеми поврзани со гранката. Впрочем, самата организација на ВСР има тенденција на тренирање на човечките ресурси да се фокусираат на перманентни решенија, наместо на хевристики кои махинално ќе ги употребуваат низ нивната кариера.

Примарната дистрибуција која што ја врши ВСР доминантно вклучува брзодвижечки потрошувачки добра (FMCG), т.е. стоки за широка потрошувачка. Брендовите можете да ги погледнете на vsr.mkВСР доставува до преку 3000 објекти, односно врши преку 4000 достави во месец.

 

Практикантите ќе имаат можност да се вклучат на различни проекти од областа на логистика и транспорт, како и анализа на продажба, цени и конкуренција.

Од практикантите се потребни следниве квалификации:

  • Да ги имаат завршено сите задолжителни предмети од Прва година (Прв циклус студии)
  • Да имаат најмалку 64 ECTS
  • Да имаат познавање во пакетот Microsoft Office
  • Да имаат познавање од англиски јазик

Заинтересираните практиканти може да го испратат своето CV на мејл адресата: vesna.panevska@vsr.mk, со назнака (subject): Пракса ВСР – 2021 *ИМЕ И ПРЕЗИМЕ* *Референт*

Краен рок за аплицирање на оваа пракса, односно испраќање на CV-то на дадената мејл адреса е до среда, 22 септември 2021 до 12:00 часот на пладне.