Студентска работа во Red Bull

Драги студенти,
Тимот на Red Bull има потреба од нови студенти/ки маркетери.
 
КРАТОК ОПИС:
Ако си од оние луѓе кои сакаат секој ден да им е различен, мечтаат да се дел од забавна и лабаво-напната работна атмосфера, не се фанови на “од 9 до 5 работно време”, сакаат секој ден да запознаваат нови и различни луѓе, се идентификуваат со основните постулати на Red Bull, тогаш ти си човекот што ни треба!
 
УСЛОВИ:
Студент/ка во Скопје. *НАПОМЕНА! предност ќе имаат студентите кои сега запишуваат втора или трета година;
Валидна возачка дозвола од Б категорија; и
Препознавање во поголем дел од основните постулати и вредности кои ги поседува и промовира Red Bull.
Заинтересираните студенти/ки може да аплицираат со своето CV и мотивациско писмо на овој линк.

Similar Posts